Македонскиот ракометен капитен денеска доживеа промоција во новиот клуб, во француски Нант. Кире Лазаров дојде во новата средина со ореол победник од Барселона и со неколку признанија најдобар десен бек на светот. Французите очекуваат многу од него, но и тој сака дополнување на колекцијата пехари.
“Кога решив да го изберам клубот за кој ќе настапувам, решив тоа да биде клуб кој ќе има големи планови и кој ќе се натпреварува во Лигата на шампионите. Со нетрпение очекувам да започнам со подготовките за новата сезона и да почнеме со работа заедно со целиот тим на Нант. Нестрплив сум, сакам што побрзо да почнат натпреварите во Лигата на шампионите и во домашното француско првенство” истакнал Кире Лазаров при промоцијата.





