На денешната масовна воена парада во центарот на Атина во чест на Денот на независноста припадници на армијата на Грција скандираа „Кипар и Македонија се грчки“.



Сепак, за разлика од пред неколку години, кога се извикуваа слогани од типот „ќе им ја дереме кожата на Скопјаните и на Албанците“, овојпат Македонија не беше високо на агендата, отстапувајќи ѝ го местото на Турција, најмногу поради затворените двајца грчки војници во Едрене што ги затегна односите меѓу двете земји.

Остри пораки кон Турција и кон нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган упати министерот за одбрана Панос Каменос, а малку поумерени беа претседателот Прокопис Павлопулос и премиерот Алексис Ципрас, кои им се обратија на сите соседи на Грција.

„Грција е земја која бара мирен соживот, солидарност и соработка со своите соседи, но паралелно бара и целосно почитување на нејзините суверени права и на нејзиниот територијален интегритет“, изјави Ципрас од островот Псара, каде што присуствуваше на одбележувањето на 197 години од почетокот на војната за ослободување на Грција од отоманската власт.

Скандирањето „Кипар и Македонија се грчки“ е во почетокот на видеото: