Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе испрати претставник на високо ниво на инаугурацијата на Доналд Трамп, со цел да ги ублажи несогласувањата помеѓу двете земји на почетокот на новата американска администрација, дознава Finansial times.
Според неколку луѓе запознаени со разговорите, Пекинг го известил транзицискиот тим на Трамп дека висок функционер ќе присуствува наместо претседателот и ќе разговара и со тимот на Трамп.
Трамп упати покана до кинескиот претсдател да присуствува на неговата инаугурација на 20 јануари, како знак дека има намера да го продолжи ангажманот на високо ниво со кинескиот лидер како то беше за време на неговиот прв мандат во Белата куќа.
Изданието пишува дека Си Џинпинг може да го испрати потпретседателот Хан Женг, кој понекогаш го менува на церемонијални настани.
Друга опција е министерот за надворешни работи Ванг Ји.






