Премиерот на Народна Република Кина, Ли Чијанг, му испрати писмо на својот македонски колега Христијан Мицкоски, во кое му го честита изборот за претседател на Владата на Република Македонија.
Ли Чијанг во писмото вели дека Кина и Македонија имаат длабоко традиционално пријателство. Во последните години, односите меѓу двете земји постојано се развиваа, а прагматичната соработка во области како што е изградбата на транспортна инфраструктура постигна позитивни резултати.
„Кинеската влада придава големо значење на развојот на односите со Северна Македонија и јас сум подготвен да работам со вас за промовирање на нов развој на пријателски размени и заемно корисна соработка меѓу двете земји“, му напиша Чијанг на Мицкоски.





