Кинезите со говор на Мао Це Тунг одговорија на санкциите на Трамп (ВИДЕО)

 

Портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг се огласи на социјалните мрежи и рече дека Пекинг не се плаши од провокации.



Таа објави видео од времето на Корејската војна на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг како им вели на Соединетите држави:

„Без разлика колку долго ќе трае оваа војна, ние никогаш нема да попуштиме“.

Во меѓувреме, и кинеските и американските царини стапија на сила, а поради нивната големина, многу аналитичари проценуваат дека тие би можеле да уништат добар дел од трговијата меѓу двете сили. И покрај се, се уште нема индикации за можни преговори меѓу Пекинг и Вашингтон.

Кина воведе 84% отсто царини на увоз на американски стоки, по што Трамп експресно ги зголеми довчерашните тарифи од 104 на 125 насто…