Светот го обиколи фотографијата со речиси незамислива сцена: претседателот на Северна Кореја, Ким Јонг-ун, се ракува со својот американски колега Доналд Трамп во Пјонгчанг, каде што од денеска се одржуваат Зимските олимписки игри.



Всушност, станува збор за двојници на двајцата шефови на држави, кои веќе подолго време ја брануваат светската јавност со меѓусебни закани и навреди, а планетата трепери од можноста за избувнување нуклеарна војна на корејскиот полуостров.

Пораката на подадената рака меѓу лутите опоненти олицетворени во нивните „верни“ копии е во духот на олимпизмот, кој уште од антички времиња налага прекин на сите непријателства и војни додека трае Олимпијадата.