Во предизборна Македонија, албанските и македонските политички партии ги зајакнуваат своите изборни мускули коалицирајќи со партиите на Турците, Ромите, Србите …, но не и со бугарските, со што овдешните Бугари се оставени да ја живеат својата педизборна осаменос и да се чувствуваат како неважен политички фактор, пишува писателот и аналитичар Ким Мехмети за БГНЕС..
Во написот за Агенцијата каде е чест гоостин со свои „анализи“, Мехмети вели дека во обидот тие да ги придобијат партиите на помалите етнички заедници, големите партии наеднаш станаа „братски” настроени кон Турците, Ромите, Србите, Бошњаците….
„Но за жал не и кон Бугарите, најверојатно затоа што, во денешна *С Македонија, да кажеш било што добро за нив, е туку речи рамно на велепредавтсво?!
Но, додека за македонските партии е „разбирлив„ овој однос кон бугарите што сакаат да им го променат „Изводот од матичната книга на родените”, чудно е што и албаснките политички партии се раководат според „српската” политичка памет и избегнуваат да го сторат очекуваното во овие простори и при денешните регионални и глобани превирања – да ги обноват вековните пријателски врски со бугарскиот народ“ вели Мехмети.
Според него, политичка осаменост на Бугарите во Македонија најдобро ја разоткрива вистината зошто овдешните Бугари се замолчени и зошто често пати, за да опстанат, тие се принудени да ја употребат формулата што ја измислија некои снаодливи Македонци: Да живееш во твојот етнички табор и да се крстиш во црква, но за да можеш да се вработиш, да се изјаснуваш како Албанец кој се клања во џамија.
„Впрочем во СР Македонија не си никој и ништо ако немаш свои „ајдутократи” кои те застапуваат во државните институции и ако немаш своја политичка партија која може да те вработи. И во оваа држава можеш да ја почуствуваш сета тежина на несреќата кога постоиш но политички те нема и кога за тебе одлучуваат тие што сакаат да бидат видени поинакви одошто се“, оценува Мехмети.






