Британската модна икона Кејт Мос (43) повторно е во фаза на радикални промени во начинот на живот. Според таблоидот „Sun“ таа престојува во Тајланд во луксузниот центарот за детоксикација на телото каде што е подложена на сеопфатно прочистување, што е хумано изразување за одвикнување од алкохол.



Зад овој потег, стои одлуката за бременоста или желбата за уште едно дете. Познатиот модел и претходно живееше во тајландскиот центар за детоксикација и тоа со поранешниот партнер, Питар Доерти. Престојот за еден месец по лице во оваа институција изнесува 11.000 евра.

Кејт сака со сегашниот партнер, триесет-годишниот Николас фон Бизмарк да има дете. Но ниту на Николај одвикнувањето од зависност од алкохол не му е непознато и тој, како што се открива веќе направил еден обид во почетокот на годината.

Да потсетиме Мос е мајка на 14 годишно девојче Лила Грејс кое е родено од врската на манекенката со Џеферсон Хач.