Кешишев се плашел од Палчо – побара да биде отстранет од судница

Адвокатот на обвинетиот Влатко Кешишев, Игор Ефремов, пред почнувањето на денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче, побара да биде отстранет Љупчо Палевски зашто неговиот клиент Кешишев – се плашел да сведочи пред првообвинетиот.



Во прилог на тоа адвокатот нагласи дека Палчо на неговиот клиент му давал некави ливчиња да ги потпише во негово име.

На ова се спротистави самиот Палевски.

„Ова се лаги, посебно тоа дека сум давал писма и изјави кои треба да се препишат во негово име. Може да биде свртен и со грб но битно ми е да слушам што ќе изјави“, рече Палевски.

Палевски, пак реагираше дека Кешишев се служи во невистини.

„Изнесува факти кои не постојат. Заборави да приложи писмо или пишана изјава од мене со која сум го терал Кешишев да ја потпише. Ова е вторпат пред судот да изнесува лаги, без притоа да приложи било каков доказ дека јас сум давал искази/писма кои требало да се препишат во име на обвинетиот.

И затоа го молам судот да бидам присутен, бидејќи на претходните испрашувања не добив ниту еден укор дека сум прекинувал или влијаел на процеси на давање на исказ на обвинетите. Може и со грб кон мене да биде свртен, мене не ми е важно да слушнам што ќе каже“, рече Палчо.

Судијата Ивица Стефановски прифати Палевски да биде отстранет од ова рочиште, затоа што, како што рече, постои можност сведокот во негово име да не ја говори вистината.

Што ќе открие обвинетиот Кешишев за убиствата на Вања и Панче