Сара Џесика Паркер (52) се прослави со улогата на Кери во „Сексот и градот“. Познатата актерка и блогерка сега сака на туристите да им понуди поинакво искуство во разгледување на Менхетен во Њујорк, па на гостите ќе им организира и ќе ги води на локации познати од серијата.



Туристите ќе можат да уживаат во купување чевли, дегустација на замрзнат јогурт и посета на градскиот балет. Средствата од туристичкото разгледување ќе одат во добротворни цели.

Првата епизода од популарната серија „Сексот и градот“ беше објавена во 1998 година, а по шест успешни сезони, приказната за четирите слободни девојки од Њујорк доби уште две продолженија на филмското платно.