Кедев на Велигден го освои и Макалу, петтиот највисок врв во светот!

Македонскиот кардиолог Сашко Кедев утрово на Велигден се искачи на врвот Макалу, висок 8.485 метри, петти највисок планински врв во светот и десетти за него над 8.000 м!



Третиот Македонец што го освои највисокиот врв на планетата Монт Еверест (8.849 м) на 19 мај 2009 година на него и на Макалу претходно ги има додадено К2 (8.611 м), Лотсе (8.516 м), Чо Оју (8.188 м), Даулагири (8.167 м), Манаслу (8.163 м), Нанга Парбат (8.126 м), Анапурна (8.091 м) и Броуд Пик (8.051 м),

Десеттиот од 14. светски врвови над 8.000 м во планинарското портфолио на Кедев се наоѓа на Хималаите, 12 километри југоисточно од Монт Ееверст, на кинеско-непалската граница.