Вечерва во автомобил со автоматско оружје е пукано во маж кој им подлегнал на повредите.
,,Во 18:10 во СВР Скопје е пријавено дека во близина на локалниот пат од Долно кон Горно Блаце, Н.Т. го пронашол неговиот брат З.Т. (56) без знаци на живот, со прострелни рани од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот”, велат од МВР.
Според првичните неофицијални информации кои ги пренесуваат дел од медиумите, убиениот е татко на Г. Т., лице кое се наоѓа во затвор поради убиството на Орхан Бајрами – Оки во Шиша барот во Старата Турска Чаршија.





