Кафеанскиот живот поскапе за 5,9 отсто, а во локалите нема место игла да се фрли

Се живо поскапува, а најмногу – храната, посебно во угоститетлските објекти. Но за одреден број од граѓаните како да нема зима. Па така, ако се направи споредба, овој, за разлика од претходниот месец поскапување има, и тоа многу. За разлика од лани во месеците јануари-мај, цените за угостителски услуги за истиот период се зголемиле за 5,9%, а во однос на декември 2023 година, се повисоки за 1,8%. Додека, пак, во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5,0%, соопшти Државниот завод за статистика.



Што се однесува до разликата на месечно ниво, во мај годинава, во споредба со април, угостителските услуги се зголемиле за 0,3%. Односно, по групи: храната за 0,4%, Алкохолни пијалаци за 0,5% и Безалкохолни пијалаци за 0,6%.

Во однос на мај минатата година, цените угостителските услуги се зголемени за 5.0 %.