Катругалос: „Да скршиме некои јајца и да најдеме решение“

„Преговарањето е голема работа. Ајде да скршиме (некои) јајца и да ги решиме проблемите кои ни одземаат многу време“, изјавил заменик министерот за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос, инаку приврзаник на ставот дека проблемот со „Скопје“ требало да се реши уште во 1990 година.



Вториот човек на грчкотоМНР само ја искористи фразата „ не можеш да направиш омлет, ако не скршиш неколку јајца“ што е широко распространета во западниот вокабулар.

Аменикот на Никос Коѕиас, вели дека предлогот што ќе биде национално поволен би бил депониран во Парламентот и би ја исклучил можноста да се користи за внатрепартиски цели. „Главната опозициска партија (Нера демократија – н.з.) сака да создаде услови слични на 1992 година, истакна тој. Според него, опозицијата остава простор дека може да гласа против, дури и ако се најде национално поволно решение во обид да се изгуби декларацијата

Но, на ваквото надмудрудување за внатрешни политички поени, Катругалос вели „Ајде да скршиме јајца за решение на проблемите”, имајки ја на ум

Инаку, во утрешното, саботно издание на весникот „Νέα Σελίδα“ , пемиерот Алексдис Ципрас дава ексклузивна изјава дека „ Земјата се соочува со можност на „отворен прозорец на можности“ да го реши проблемот со името на ПЈРМ“

Премиерот, исто така, зборува за економските и геополитичките предизвици и нагласува дека „Време е да се направат потребните одлуки“.

Ципрас како „непријатно и неодговорно“  го окфалификува(л) раководството на опозициската Неа демократија која инсистира на единство во владината коалиција околу име за пЈРМ, и бара „широк парламентарен консензус ако има изгледи за решение“, со што го компликува процесот.
Но, Катругалос, предупредува дека „Владата на тој начин ќе ја зацврсти својата позиција во Парламентот доколку преговорите завршат позитивно“, пренесуваат грчки медиуми.