Верниците на Римокатоличката црква денеска го слават најголемиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден.
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, синоќа во инвалидска количка пристигна во базиликата Свети Петар во Рим за да претседава со Велигденското бдение, еден ден откако го откажа учеството во поворката на Велики петок, што предизвика нови шпекулации за неговото здравје.
И покрај тоа што на моменти звучеше уморно и без здив, 87-годишниот понтиф успешно одржа 10-минутна проповед и крсти осум возрасни лица во базиликата Свети Петар.
Околу 6.000 луѓе беа присутни во Ватикан.
87.годишниот папа, поглавар на над 1,3 милијарди католички верници во целиот свет, денеска треба да ја предводи неделната миса и да пренесе порака која ќе се емитува на телевизија.
Централното одбележување на Велигден во земјава се одржа во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје, каде што беше отслужена Воскресна литургија.
Велигденската литургија ја предводеше скопскиот бискуп и струмичко – скопски епарх, Киро Стојанов.
Понеделник, вториот ден на Велигден е неработен за христијанските вернициод католичка вероисповед, соопшти Министерството за труд и социјална политика.






