Поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во гостување на подкастот „Претрес со Ландов“, јавно им ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ и изрази надеж дека тие ќе бидат носители на промените во Македонија.
„Сите ќе ме благословуваат моите колешки, моментални затворенички. Ние би сакале амнестија, за да може да ни се скратат некои маки“, порача Јанева.
Ексобвинителката побара втора шанса од Управата за извршување санкции кои и го одземаа правото да работи, бидејќи како што рече, нејзиното ненаоѓање во канцеларијата е недоразбирање. Според на станува збор за недоразбирање кое треба да го надминат двете страни.
Јас се извинувам многу. Мислам дека ќе надминеме ова на нормален начин. Во интерес на Република Македнија, нема да кажам Северна, ќе кажам Македонија, во интерес на Република Македонија, пример за ресоцијализација како што сум јас, како што можеби ќе ме казнат, треба да ми дадат и шанса. На секој му даваат шанса за вторпат, за да ја оправда довербата. Не само што мене ме осудуваат, туку и цела институција дека не работи во ред. Што не е точно, не е така!“, рече Јанева.
Извор: Подкаст:„ Претрес со Ландов“






