Катастрофална порака на Пендаровски, Џафери и Османи од безбедносната конференција во Минхен

Катастрофална етничка порака на претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери и министерот за надворешни работи Бујар Османи од безбедносната конференција во Минхен каде учествуваа како посебни делегации.



Во кратка анализа со наслов ,,Расштимана делегација во Минхен” екс министерот и актуелен претседател на собраниската комисија за надворешна политика Антонијо Милошоски објавува зошто е погрешно што на конференцијата само Македонија имала три различни делегации.

Едната ја предводел претседателот Пендаровски, другата техничкиот премиер Талат Џафери, третата министерот за надворешни работи Бујар Османи кој присуствувал на средните на премиерот.

На настапите на Пендаровски се гледа и екс министерката Радмила Шекеринска што укажува на тоа дека во Минхен имало две делегации составени од Македонци и Албанци од Македонија, што е посебен проблем.

Милошоски пишува дека деновиве вниманието го привлече безбедносната конференција во Минхен каде главни теми Руската агресија против Украина и ситуацијата на Блискиот Исток.

,,Сериозни теми, сериозен протокол со присуство на делегации од многу држави. Но, само една делегација личи на расштиман оркестар – за жал, тоа е македонската делегација.

Имено, според дипломатските правила, една држава на меѓународна конференција не може истовремено да ја претставуваат претседателот на државата и премиерот, бидејќи и двајцата го имаат највисокиот ранг – шеф на држава и шеф на влада. Како шеф на делегацијата оди или претседателот, или оди премиерот, но никако двајцата заедно. Во случајот со Македонија, на конференцијата во Минхен, присутен е и Претседателот Пендаровски, а истовремено таму е и техничкиот премиер Талат Џафери. Двајцата имаат по неколку соработници во нивна придружба. Згора на тоа, со група свои соработници таму е и министерот за надворешни Османи, оној кој би требало да му укаже на премиерот дека двоглави делегации на една иста конференција не праќаат ниту државите кои служат за потсмев на меѓународата сцена”, смета Милошоски според кого оваа дипломатска грешка го открива непознавањето на протоколот од страна на техничкиот премиер, но истовремено е и недомаќинското триплирање на буџетските трошоци.

,,Плус, лошо е за власта ако никој од тројцата не сфатил сериозно дека ваквото дупло присуство не е дозволено и од безбедносна гледна точка.

Двоглавото претставување ќе биде за потсмев кај другите делегации кои лесно ќе забележат дека во Македонија не постои координација меѓу трите кабинети (Претседател, Премиер, МНР) кои се задолжени за надворешната политика.

Замислете колку бил зачуден британецот Сер Стјуарт Пич, специјен пратеник за Западниот Балкан, кого и претседателот Пендаровски и техничкиот премиер Џафери го сретнаа на две одвоени средби, како патувањето до Минхен да им е последното патување во кариерата. Или можеби Сер Стјуарт Пич веќе знае дека во Македонија кавгата за казината на ДУИ со “европско знаменце” е побитна од координацијата меѓу претседателот, премиерот и министерот за надворешни за нормално меѓународно претставување на државата”, пишува Милошоски кој право споредба со шефовите на делегациите на други држави:

Турција: Министерот за надворешни
Полска: Министерот за надворешни
Србија: Претседателот
Косово: Премиерот
Хрватска: Премиерот
Албанија: Премиерот
Финска: Претседателот
Грција: Премиерот
Латвија: Претседателот
Италија: Министерот за надворешни
Македонија: Претседателот, премиерот и министерот за надворешни работи❗️

,,Македонија секој ден прави нова грешка. После 8ми мај ќе има премногу грешки за поправање”, заклучува Милошоски.

Поврзана вест

За хаосот во дипломатијата

Екс амбасадор во НАТО: Две етнички делегации во Минхен е знак за паника во власта