Шпанскиот сепаратистички регион Каталонија одржа избори, а прелиминарните резултати покажуваат мнозинство за партиите кои се залагаат за независност. Прелиминарните резултати се базираат на излезни анкети.
Коалицијата „Заедно за Каталонија“ на доскорашниот каталонски претседател Карлес Пучдемон, сецесионистичката Републиканска левица и малата Кандидатура на народното единство освоија над 70 места во регионалниот парламент, јави РСЕ.
Ова е голем удар за шпанскиот премиер Маријано Рахој, кој ги растпушти каталонската регионална влада и регионалниот парламент кон крајот на октомври по прогласувањето независност од страна на сепаратистичките регионални политичари и свика нови избори.
Пучдемон оцени дека ова е победа на „каталонската република“ над шпанската држава.
Ова не изненадува откако сите партии во изборната кампања ги повикаа своите поддржувачи да учествуваат на изборите.




