„Јас ценам дека ВРЕДИ тежи… да не кажам повеќе, но толку без Таравари колку што вредеше и тежеи со него, вели Биљал Касами, претседателот на БЕСА Биљал Касами во интервју за Радио Слободна Европа околу несогласувањата во коалицијата и критиките од лидерот на Алијанса за Албанците за нејзиното функционирање како дел од Владата
Касами смета дека „секој член во една фамилија, во една коалиција, дури и една партија, има вредност, бидејќи некој ќе биде внатре.
Но, кој било да излезе, автоматски создава можност некој да влезе. Јас ценам дека најголем губитник ќе биде тој што ќе излезе во случајот со коалицијата ВРЕДИ.
Народната поговорка вели ‘тој што ќе се оддели од групата, ќе го јаде волкот.
Според негово мислење, ВРЕДИ ќе продолжи уште посилно.
Касами додава дека „вредноста на секој од партиите, дел од ВРЕДИ, е поголема како дел од коалицијата отколку кога би била надвор.
„Ние сме се обиделе порано, секој поединично, до го предизвикаме Али Ахмети и ДУИ и не сме успеале. Успеавме само кога станавме заедно“, вели Ксами во интервјуто за РСЕ.






