Касами: Приоритет ни е унапредување на правата на Албанците до целосна уставна и правна рамноправност со Македонците!

„Влегувањето на Македонија како рамноправна членка во ЕУ и унапредувањето на правата на Албанците до целосна уставна и правна рамноправност со Македонците – ова останува како наш приоритет во периодот, што следи.“ – изјави Билал Касами, лидерот на Беса, на одбележувањето на 10-годишнината од формирањето на оваа партија денес во Тетово. Ова го објави ТВ 21.



Информативниот портал „Алфакс“ извести дека Касами се осврнал и на формирањето на коалицијата Вреди, нагласувајќи дека “таа е заедничка мисија на партиите во неа да се врати албанското прашање таму каде што му е местото, во институциите“.