Касами: Призренската лига е жива и денес, а обединетите Албанци вршат големи промени во секој албански простор

„Пред 146 години истакнатите тогашни патриоти од сите простори на албанството го одржаа Собранието на Призренската лига. Организирани како никогаш претходно, во ова собрание тие ветија дека нема да се потчинат на политиките на силите, кои сакаат уништување на Албанците и Албанија. Имаше многу предавници и непријатели и против оваа Призренска лига, но Албанците никогаш не беа поразени. Благодарение на Призренската лига, Албанците денес имаат две независни држави и се клучен чинител на Западниот Балкан.“ – напиша на својот фејсбук-профил лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами по повод годишнината од Призренската лига.

Во објавата Касами дополнува: „Имаме обврска да не го заборавиме аманетот на нашите предци, кој го продолжија водачите на Призренската лига Имер Призрени, Абдил Фрашери и Сулејман Вокши се до Адем Јашари. Призренската лига е жива и денес, а обединетите Албанци вршат големи промени во секој албански простор, со цел да станат колку е можно поголем чинител во регионот и заради обединување во Европската унија.“