Градоначалникот на општина Тетово Билал Касами денеска изјави дека финансирањето на „Албанската академија“ ќе го вршат четири општини, додавајќи дека тоа е во согласност со законот, информира Телеграфи.
„Одговорот го дадоа стручни лица за оваа работа, кои го наведоа и законот за локална самоуправа и за академска дејност, каде што е утврдено дека една од формите на финансирање на научните дејности се општините. Значи, тоа е јасно прашање врз основа на законот и определбата на четворицата градоначалници, кои се обврзаа да ја поддржат оваа иницијатива“.
Врз основа на динамиката и одобрувањето на буџетот за следната година и ова прашање ќе биде ставено на дневен ред“, рече Касами.






