Касами: Ништо не ја спасува ДУИ од пораз на изборите! – Артан Груби се однесува како хулиган!

„Лидерот на опозициската Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами во интервјуто дадено во ТВ Алсат рече дека и покрај коалициите, што се обидува ДУИ да ги направи со новоформираните партии, тоа нема да го спаси од пораз на изборите.“ – пренесе информативниот портал на албански јазик „Фол“ во својата вест со наслов „Касами: Гласот за коалицијата ‘Вреди’ ќе биде масивен – навредите на Артан Груби се однесување на еден хулиган“.



„Фол“ пишува: „Во овој случај верувам дека гласачот е веќе решен, како што се случуваше и во минатото. Гласањето ќе биде масовно за албанската опозициска коалиција ‘Вреди’, ќе биде многу силно против ДУИ и тука нема да му помогнат на Али Ахмети ниту Мендух Тачи, ниту Зијадин Села, ниту другите политички експоненти, кои ги спомнав.“ – изјави Билал Касами во споменатото интервју.

Во врска со јазикот на омраза, што го употреби деновиве вицепремиерот Артан Груби кон лидерите на албанската опозиција, Касами рече дека тој го покажал вистинското лице на хулиган. „Човек во одредени моменти го покажува своето вистинско лице. Во овој случај Артан Груби го покажа вистинското лице на хулиган. – посочи лидерот на Беса и градоначалник на Тетово Билал Касами.