„Ние сме подготвени да работиме за Албанците, тие треба да бидат подготвени да одат в затвор! Коалицијата Вреди ја донесе енергијата и желбата за работа, која недостасуваше со години во централната власт.“ – изјави претседателот на Движењето Беса Билал Касами на одбележувањето на 100-те дена на оваа Влада. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ ја цитира изјавата, што ја даде Билал Касами во овој контекст: „Ги надминавме недостатоците, со намера да допреме до секоја албанска населба заборавена од минатото. Вреди е блиску до секој албански град и село, блиску е до развојот и благосостојбата на граѓаните. Ние не сме само коалиција, туку сме семејство, кое секојдневно работи со најголеми напори за подобрување на животот на Албанците. Денеска сме горди на она што го постигнавме во првите 100 дена со ефикасна работа и исклучителна динамика. Вреди е дел од владата, за да ја подобри економијата, за да донесе реформи во образованието и здравството, заради развој на инфраструктурата и подобрување на меѓународните односи. Ние сме подготвени да работиме за Албанците, а тие треба да бидат подготвени да одат во затвор.“ – изјави Касами.






