Касами не признава дека е „готов“

Претседателот на Движење БЕСА, Билал Касами, за време на гостувањето во локалната гостиварска телевизија ТВ Глоби даде оценка дека расколот во партијата, всушност, не бил раскол и бунт против него, ами само јавен судир на внатрепартиските дебати.



„Поради незадоволство од дебатите во партијата, одредени членови одлучија јавно да ги обелоденат. Гласачите на БЕСА, воопшто Албанците, не треба да се соочуваат со скандали поттикнати од одредени неодговорни поединци“, рекол Касами.

БЕСА ќе одржи конгрес на 24 февруари, кога ќе се избира нов претседател на партијата.

Како што објави „Експрес.мк“ во неколку наврати, шпекулациите се движат од тоа дека партијата ќе се подели во најмалку две нови, до таму дека највисоко на Конгресот ќе котира струшкиот лекар Арбен Дарлишта – како кандидат за лиде р- оти членството верува дека тој ќе ја обедини БЕСА.