Касами: Вработувањето Албанци продолжува, 70 новопримени во Тетово

 

Лидерот на движењето БЕСА Билал Касами во интервју за Алсат вели дека се подготвува Законот за правична и соодветна застапеност, а продолжува вработувањето на Албанците врз основа на соодветна застапеност.



Тој како пример ја зеде општина Тетово од каде рече дека во последните неколку дена се отворени над 70 вработувања, од кои најголем дел Албанци.

„Пред неколку дена доделивме 78 решенија, каде само мал процент беа за Македонци.

И во другите албански институции продолжуваат да се вработуваат врз основа на правична и соодветна застапеност (…) во тие институции гледаме како е застапеноста и така се вработуваат“, изјави лидерот на Движењето Беса, Билал Касами.

Осврнувајќи се на направената анализа, Касами го повтори фактот дека најголемото вработување на Албанците е направено пред механизмот „Балансер“, дека во негово време, како Македонци се вработувале и функционери на ДУИ.

„Понатаму, злоупотребен е и тој механизам на Балансерот, бидејќи е познато дека државниот секретар во Министерството за култура е вработен како Македонец. Тоа е сложено прашање, да беше лесно ДУИ со закон ќе го решеше и немаше да дозволи да дојде до Уставен суд да се укине“, изјави Касами. Телеграфи