Карпош Соколи го доби вториот, гостинскиот натпревар против Калев, со 81-78 што за жал со скопските 87-79 за тимот од Талин, не овозможи нашиот тим да оди во новиот втор круг во ФИБА Евролигата. Македонскиот вице првак добро се држеше денеска во Естонија, ги доби првата, третата и последната четвртина четвртина и постојано беше близу, а во финишот и во постојано водство, но осумте негатива од вторникот не беа стасани и не ни дозволија да влеземе во неизвесна завршница, и комплетно да компензираме што значи испаѓање уште во воведот.



Најдобар поединец кај нас беше Браун со 16 поени, а во дуелот Мирковиќ со 17 коша.