Кошаркарите на Карпош Соколи доживеаја многу тежок пораз од Нижни Новгород во во Скопје во рамките на второто коло во групата Х и тоа со екстремно високи 34 поени разлика. До конечните 67-101 русите дојдоа со предност во секоја од првите три четвртина посебно. Тргнаа со плус 10 во првата (27-17), продолжија со нови 16 во втората (56-30) и уште 15 во третата четвртина (86-45), и кога се беше евидентно подзапреа за да не се случат 60 негатива. Втор пораз за македонскиот вице првак и логичното прашање по ваков распад е дали местото му е во ова натпреварување.




