Карлеуша до Мадона која ги поддржа студентските протести во Србија: Легендо, одј…

Светската поп-ѕвезда Мадона ја изрази својата поддршка за протестите во Србија со објава на својот инстаграм-профил, споделувајќи снимки од масовните собири во Белград и Нови Сад. Со видеото, таа објави порака под наслов „Моќта на единството“, во која го истакна значењето на протестите и нивното влијание врз регионот – пренесе Слободен печат.



Мадона објасни дека, иако медиумите не го покриваат доволно, студентите затвориле речиси сите универзитети и организираат 24-часовни блокади. Таа истакна дека на улиците излегуваат илјадници граѓани кои бараат системски реформи и намалување на корупцијата.

Фото: Принтскрин / Инстаграм

По нејзината објава, српската пејачка Јелена Карлеуша, објави остра порака на својот инстаграм-профил, директно обраќајќи ѝ се на Мадона:

„Остави ја мојата земја на мира, Мадона! Ти живееш во земја каде што студентите секојдневно се уништуваат поради студентските кредити. Банкарите им ги земаат семејните домови и им ги уништуваат животите. Твојата земја бомбардира и уништува демократски држави низ светот. Каде е твојата загриженост за геноцидот во Палестина? Нека тоа биде твоја грижа. Студентите во Србија имаат бесплатно образование и бесплатна здравствена заштита. Ја сакам твојата музика, ти си легенда, но ОД*БИ!“