Лидерот на ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, смета дека победата на Гордана Силјановска-Давкова на претседателските избори во Македонија е завршена работа.
„Ништо не може да се промени, бидејќи во првиот круг Гордана Силјановска-Давкова освои нешто повеќе од 40 проценти од гласовите, а втор е актуелниот претседател Стево Пендаровски. И да го собереме албанскиот глас, пак нема шанси. Очигледно, овој претседател си заминува“, убеден е поранешниот бугарски вицепремиер и министер за одбрана во интервјуто за комерцијалната Бугарска телевизија (БТВ).
Според него, нема голема разлика меѓу двајцата преостанати учесници во претседателската трка во Македонија.
„Пендаровски дојде во времето на Заев и беше еден од луѓето кои пледираа за подобрување на односите со Бугарија. Како и да е, тој стана најголемиот бугаромразител. Сè што не можат да постигнат го објаснуваат со Бугарија и нè обвинуваат нас. Во РСМ и двајцата претседателски кандидати ја градеа својата кампања на антибугарска основа. Тоа е пракса во Македонија уште од времето на комунистичка Југославија. Бугарите во Македонија беа прогонувани, убивани, затворани. Сега е исто, само што не ги убиваат“, коментира тој.
Каракачанов ја критикува политиката на Бугарија кон Македонија.
„Бугарија нема јасна позиција во последните три години. Со исклучок на претседателот Румен Радев, кој инсистира за континуитет во политиката, гледаме дека техничките влади и првата влада на Петков извршија национално предавство. Нема причина да се бара малцинство во Македонија. Сакаме да се случат едноставни европски работи – да престане прогонот на Бугарите, да престанат јазикот на омразата и фалсификувањето и кражбата на бугарската историја. Ова се основни општи човечки правила утврдени во Повелбата на ОН“, категоричен е





