Лично верувам дека ако постои суверена македонска држава треба да има и суверена православна црква на тие простори. Тоа за мене е сосема логично, вели во интервју за „Нова Македонија“ бугарскиот министер за одбрана и лидер на бугарското ВМРО, Красимир Каракачанов.
Тој смета дека доколку бугарските владици го прифатат барањето на македонските владици тоа ќе биде добро и полезно, но предупредува дека „станува збор за дејствување на политичка дипломатија во црковна форма или, ако сакате, за црковната дипломатија. Тоа треба да се спроведе по црковни правила бидејќи црквата има специфичен начин на дејствување изразен во црковни канони и црковни традиции во кои ние политичарите не би требало да се вмешуваме и да влијаеме“.
Сепак, Каракачанов вели дека ја поддржув оваа иницијатива и се радува на желбата на МПЦ упатена до бугарскиот Синод.
За Договорот за добрососедство попишан на 1 август од премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев, Каракачанов вели дека е „многу повеќе од еден лист хартија на кој има потписи на државници. Морам да потсетам дека за да се стигне до тој лист хартија, претходно мораше да постојат волја и желба од двете страни за овој чекор. Конкретно, за овој чин, волјата беше изразена повеќе од македонска страна“.
Според него, Договорот, е во духот на добрососедството што едноставно значи дека двете страни меѓусебно си веруваат.
Целото интервју на Красимир Каракачанов за „Нова Македонија“ може да го прочитате тука.




