„Јас би ја затворила таа Вила и претседателот би го симнала меѓу граѓаните“ вели во објава на Фејсбук професорката Тања Каракамишева.



„Претседателот на Републиката го црпи легитимитетот од граѓаните и мора да биде блиску до граѓаните.

Предлагам канцелариите на претседателот да бидат во зградата на владата, во посебен дел, додека Вилата Водно да се користи за средби со странски делегации, странски гости, приеми, меѓународни конференции и слично.

Доста е луксузирање на државен трошок!- вели Каракамишева.