Каракамишева : Не може веќе „како до сега”. Се што е насадено од Заев да се тргне од институциите

Професорката Тања Каракамишева вели дека се што имплементирал поранешниот лидерна СДСМ и премиер Зоран Заев мора да се тргне од институциите.



„Се што беше насадено во 2016г. од Заев & Компани, целиот Пржински инженеринг во системот МОРА да се тргне од институциите.

СЈО го нема, Влада за спроведување избори (т.н. техничка влада) со сите измислени глупости од дополнителни заменици министри до прв вицепремиер итно МОРА да се елиминира, Законот за јазици внимателно да се усогласи со препораките од Венецијанска комисија!

“Како до сега” ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ!“, смета таа.