Каракамишева до Џафери: Злосторствата против човештвото во Македонија не се завршена приказна! Тие се крај на почетокот!

Професорката по уставно право Тања Каракамишева му реплицира на техничкиот премиер Талат Џафери, за кој злосторствата на терористичката ОНА од војната во 2021 година во Македонија, во која и тој учествуваше како „командант Форина“, биле завршена приказна.



„Злосторствата против човештвото НЕ ЗАСТАРУВААТ и не можат да бидат предмет на амнестија! Тоа што некој згрешил во минатото и амнестирал злосторници не ја намалува тежината на сторените дела! Злосторствата против човештвото во МКД НЕ СЕ ЗАВРШЕНА ПРИКАЗНА! Тие се крај на почетокот!“, му порача поранешната членка на Венециската комисија на човекот опфатен со предметот „Раководството на ОНА“ од четирите хашки случаи, за кои комесарката за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, побара од Владата во Скопје поништување на амнестијата.