Професорката по уставно право Тања Каракамишева го оценува како грешка граѓанскиот концепт на македонскиот Устав, во услоби на напад врз македонскиот навионален идентитет.
„На Македнија не ѝ треба граѓански Устав, на своја кожа почувствувавме дека тоа е грешка. Доста веќе скандинавски практики, Бенелукс идеи. Во услови кога од сите страни ни е нападнат националниот идентитет, кога соседите ‘тријат раце’ и нè гледаат како плен, УСТАВОТ МОРА ДА Е НАЦИОНАЛЕН! ТОЧКА!“, напиша на Твитер поранешната членка на Венециската комисија.






