Професорката Тања Каракамишева реагира на „темата“ која ја наметна ДУИ, во иднина претседателот на државата да се бира во Собранието. Плус, да се воведе и функцџија потпретседател, а „амин“ идниот шефна државата да мора да добие од Албанците, согласно „бадентеровиот принцип“.
„Кај уценувачи уште и тотални политички аналфабети.
Не прават разлика меѓу облик на владеење и систем на организација на власт.
Второ, замислете македонските партии да ја прифатат политиката на уцени на ДУИ и другите албански партии и постојано да условуваат и испорачуваат чисто етнички предлози!
Не може така другари!
Не се води така политика!“ пишува Каракамишева во објава на Фејсбук.

Во уште една објава на Фејсбук, за нештата да станат појасни, Каракамишева потсетува дека Македонија е РЕПУБЛИКА како облик на владеење, а МЕШОВИТ систем на организација на државната власт со елементи на парламентарен и претседателски систем.



Во Македонија немаме парламент, туку собрание, како што немаме премиер, туку претседател на влада.