Шест кандидати кој пријавиле дека сакаат да влезат во трка за претседател на државата, барем засега, се далеку од потребните 10.000 потписи.



Кандидатот Томе Николовски е „рекордер“ по „успехот“ да не добие ниту еден потпис за кандидатура за која минимумот е 10.000 граќански потписи.

Господин Поповски, стигнал до 106, Зорица Цветсковска има 176 потписи, Ѓорѓи Манасков – 388, Мерсиха Смаиловиќ 1.286, а зџа докторот Вело Марковски кој уште во октомври соопшти дека ќе влезе во трката за претседател до синоќа се потпиѓале 1.330 поддржувачи.

Пет од вкупно 11 кандидати ги собраа неопходните 10.000 потписи , покажуваат податоците на Државната изборна комисија.  Максим Димитриевски од ЗНАМ,

Бујар Османи од ДУИ,

Арбен Таравари од коалицијата „Вреди“,

кандидатка на Левица, Билјана Ванковска и

градоначалникот на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

На вчерашната Конвенција потврдена е кандидатурата на Гордана Силјановска -Давкова, која најави дека исто така ќе собере 10.000 потписи

Вечерва, СДСМ се очекува да ја офијализира кандидатурата на сегашниот шеф на државата, Стево Пендаровски