Канал 5: Кабинетот на Сиљановска изразил загриженост за Фицо и поддршка за граѓаните на Словачка

Канал 5 дознава дека кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова попладнево остварил телефонски контакт со амбасадорот на Република Словачка Хенрик Маркуш при што била изразена загриженост за здравствената состојба на премиерот на Словачка Роберт Фицо и неговото семејство.



Од кабинетот на Силјановска Давкова ја потврдуваат информацијата според која во разговорот со словачкиот амбасадор била изразена надеж за брзо закрепнување на Фицо и искрена поддршка за Словачка и граѓаните на оваа пријателска земја.