Претседателот на здружението на шпанските прволигаши предупреди дека Камп Ноу може да биде затворен за гледачи ако тие продолжат да ја навредуват Шпанија. Хавиер Тебас објасни дека навивачите на Барселона можат да бараат независност на Каталонија на средбите на својот тим, но да не бидат вулгарни кон земјата.
Според тоа како се расположени главнината од навивачите тие нема да запрат со скандирањата против Шпанија, па интересно е дали Федерацијата или во случајот здружението на прволигашите ќе мине кон така непопуларен потег, како што најавува.




