Камала со 1% предност пред Трамп

Водството на Камала Харис пред Доналд Трамп се намали во последниот дел од претседателскиот натпревар во САД.



Кандидатката на демократите води со еден процент пред републиканескиот кандидат –  44% наспроти 43%, според анкетата на Ројтерс/Ипсос објавена вчера.

Изборните гласови во седум клучни држави, вклучувајќи ги Северна Каролина, Пенсилванија, Мичиген, Висконсин, Невада и Аризона, се очекува да го одлучат исходот од изборите.