Ова го изјави високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, директно спротивставувајќи се на позицијата на претседателот на САД, Доналд Трамп .
Калас во Вашингтон изјави дека Европејците нема да можат да придонесат за евентуален договор за Украина доколку не бидат поканети на преговарачка маса, додека, пак, Трамп директно ќе преговара со рускиот претседател Владимир Путин, пренесоа француските медиуми.
„НАТО чадорот е единственото нешто што навистина функционира, единствената безбедносна гаранција што функционира“, изјави поранешната премиерка на Естонија која е во посета на Вашингтон.
Трамп отфрли каква било можност Украина да се приклучи на НАТО, на што Москва исто така се спротивставува, и беше нејасен за безбедносните гаранции што САД би биле подготвени да ѝ ги понудат на Украина во случај на прекин на огнот по тригодишна руска инвазија.
Според Трамп, желбата на Украина да влезе во НАТО е „веројатно причината поради која започна целата работа“ – војната со Русија.
Трамп не верува дека го нарече Зеленски диктатор: Денеска средба
Трамп: Водам сериозни разговори со Путин за завршување на војната






