Американецот Џејсон Мико, кој повеќе од две децении се бори за правото на Македонија и на Македонците да се викаат така, со интересен опис на „Твитер“ на земјата за чиј идентитет се залага.
„Всушност, некој еднаш ми твитна: ‘Кажи ми сè! Во 140 карактери, се разбира’. Мојот одговор: ‘Македонија е автентична и добредојдена, безвременска, а млада, разновидна и во исто време уникатна, горда, но и понижена. Неискажлива е’“, напиша Мико на „Твитер“.




