„Раѓањето на Бугарската егзархија е оогледало на феноменалното единство на нашиот народ од Тулча (Романија) до Охрид и Костур и од Ниш и Пирот до Едрене и Лозенград… Денес, уште еднаш, нашата земја се соочува со судбоносна одлука… Од нас се очекува категоричниот одговор: „Да“ или „Не“. Тоа се двата слогови кои или ќе не издигнат и ќе не доближат до нашите предци, кои створиле чуда од доблест и храброст, или ќе не постават на столбот на срамот“.



Ова се фрази од писменото обраќање на новинарот, публицист и издавач Иван Николов, главен и одговорен уредник на магазинот „Бугарија – Македонија“ и директор на издавачката куќа „Св. Климент Охридски“ кој ги повикува бугарските црковни и политички власти да не ја испуштат можноста и позитивно да се изјаснат по писмото на МПЦ-ОА Бугарската православна црква да ѝ станела црква – мајка на македонската.

Иван Николов

Со „анализата“, како што ја нарекуваат, напишана специјално за агенцијата БГНЕС, тој се приклучи на општествените работници, научниците, новинарите и потомците на истакнати македонски семејства кои  ја повикуваат Бугарската Патријаршија да ја прифати испружената рака на македонската архиепископија и да се манифестира како нејзина мајчинска Црква.

Институциите денес не се важни, пишува Николов во бледиот памфлет, туку луѓето кои ги водат овие институции. И затоа „погледите се вперени не во Светиот синод на БПЦ, туку Неговата Светост Бугарскиот патријарх Неофит, не во претседателството, туку во претседателот на Бугарија, Румен Радев, не во Министерскиот совет, тукуа во личноста на премиерот Бојко Борисов“.

„Што ќе направат тие сега? Дали ќе бараат низ параграфите и  алинеите или секој посебно ќе го преземе својот крст, така што да создадеме едно колективно дело, обележано со светлината на Божјата промисла!  Судбината чука на прозорецот на совеста на сите нас.

Господине претседател Радев, господе премиер Борисов, имате ретка можност да создадете едно епохално дело и да ги запишете вашите имиња до имињата на најдоблесните мажи на Бугарија“.

Искористете ја оваа неверојатна шанса, не за ваша сопствена слава, туку за достоинството на Бугарија, пишува Иван Николов чиј текст напишан за БГНЕС, го пренесуваат бугарски медиуми.