Дарко Чурлинов е новиот миленик на навивачите на полскиот првак Јагелонија од Бјалисток, предизвикувајќи еуфорија кај нив со голот за победа во 97. минута од гостувањето кај Копенхаген синоќа на стартот од Конференциската лига на УЕФА.



Македонскиот репрезентативец со својот прв погодок за тимот за кој настапува како зајмен играч од англиски Барнли стави печат врз историскиот успех на Јагелонија на европската сцена, а по перфектно реализираниот контранапад ја сподели радоста со фановите на трибините на стадионот „Паркен“ во Копенхаген.