Како стана проектотот за Универзална небезбеден за Арсовска кога таа потпишала за реализација, праша министерката за култура

Симптоматично е како за Арсовска проектот за Универзална сала стана небезбеден кога досега потпишала неколку документи за почеток на негова реализација. Истиот тој проект кој Арсовска го спори и трвди дека е фалсификат беше испратен преку Системот за добивање градежна дозвола до Градот за пресметка на комуналии, Градот изготви таква пресметка, а Министерството за култура ја плати, за што имаме и потпишан Договор за комуналии, рече министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска на прес-конференција.



Таа додаде дека Арсовска се потпишувала на документи и со тоа ја потврдувала безбедноста, а одземањето на ингеренциите за реконструкција од страна на Министерството е поради немањето интерес и волја Арсовска да почне со реконструкција.

  • Јасно е дека со овој манипулативен прес Арсовска се обидува да го сокрие својот неуспех и неспособност за реконструкција на Универзална сала. Не само што во 2 години не презеде ништо и остави да пропаѓа и да се прѓосува салата, Арсовска дополнително го оштетила буџетот за реконструкција на салата со 20 милиони денари или 330 илјади евра, пари на граѓаните, поради нејзин личен хир и желба да не се изгради“, рече Костадиновска-Стојчевска.

Таа додаде дека поради одлагањето на реконструкцијата, Арсовска изгуби судски спор и го оштете буџетот на граѓаните, наменет за реконструкција.

  • Вистината е далеку од тоа што Арсовска го зборува и што сака да го претстави на јавноста, која без срам ја користи Универзална сала за политиканство и медиумска манипулација. Нема да успее Арсовска да ја спречи реконстуркцијата на Универзална ни со уште 10 такви или слични пресконференции како вчерашната“, рече Костадиновска-Стојчевска.