Комично видео на групата НЛО од 1996 година кое покажува како да се бара премиер на Бугарија, одново стана актуелно во Бугарија откако по три неуспешни обиди за формирање влада, земјата оди на шести мпо ред предвремени избори.



Радев одбра в.д. премиер кој ќе ја води Бугарија до избори

На видеото се гледа како „мерцедес“ застанува покрај човек кој фрла корпа со отпадоци во контејнер и двајца на сила се обидуваат да го турнат во возилото.

„Влегувај, не се противи, ќе бидеш премиер!“ му велат луѓе во црни костуми.

– Ама како, па, не сакам, мипаѓа косата, имам лумбаго, ишијас…“, вели идниот премиер додека во позадина се слуша народна музика…