Како од просечно земјоделско семејство Заеви стасаа до сопствеништво во авиокомпании

Чудна е пасијата на СДС да води полемика за авио сообраќајот и да спомнува авио летови, се вели во днешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ



„Можеби таа пасија доаѓа од прикажните дека нивниот идеолошки гуру, Зоран Заев, до скоро поседувал акции во една индиска авио компанија која пред кусо време беше продадена, а чии акции можеби сеуште постојат во една од постоечките авио компании.

Ако ова е точно, добро е СДС да си провери чива била сопственоста и како нивниот сеуште неформален лидер стасал до авио компанија во Индија?

Каква пак е поврзаноста на Венко Филипче со овој случај? – прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ

„И како Заеви од просечно земјоделско семејство стасаа до сопствеништво на авио компании?

Од СДС нека си проверат, и нека одговорат, ќе ги поочекеме. Институциите не треба да чекаат. Сигурно работат“, се вели во соопштението од владејачката партија.