Италијанскиот кошаркар Данило Галинари инаку член на Лос Анџелес Клиперс приреди таква ступидност во неважен, пријатески натпревар на неговата селекција со Холандија што штетата за него, но и за други може да биде огромна. Ајде што го удри противничкиот центар Џито Кок, за што беше исклучен, туку и самиот го скрши прстот, па многу веројатно нема да игра на Европското првенство од 31 август.



Извонредно потенцијалниот Галинари кој е центар со неверојатно мека рака или ќе оди на операција или ќе мора да мирува 4-5 недели, по што е сосема неизвесен неговиот камбек во тимот на Аѕурите кои се тоа веднаш стануваат “второразредна” екипа. Што се однесува во Киперси, тие пред еден месец платија 65 милиони долари за тригодишен договор со Галинари и секако, нема да бидат задоволни со оваа ситуација.