Како дел од медиумите лажно пренесле што точно кажал премиерот за ,,брилијантниот” Преспански договор (ВИДЕО)

Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит повторно упатува прашање до колеги новинари, овој пат зошто ширеле лажни вести за премиерот Мицкоски.



Претходниот пат кога праша зошто новинарка од 24 Вести употребува Северна кога не мора беше мета на напади од страна на ЗНМ.

,,УШТЕ ЕДНАШ: ДОБРО, ЗОШТО?”, прашува сега Илиевски во врска со лажното прикажување на дел од медиумите на изјава на Мицкоски во која тој цитира што други мислат за Преспанскиот договор а новинарите пренесуваат дека наводно тој го фали договорот потпишан во Нивици.

,,Премиерот Мицкоски во неколку наврати изминативе недели, бранејќи го македонскиот став и интерес да се избориме за уставни измени со одложено дејство, а за да се спасиме од нови бугарски уцени, го посочи преспанскиот договор кој СПОРЕД МЕЃУНАРОДНАТА ЗАЕДНИЦА бил „ремек дело“ како основ за ова наше барање, бидејќи и преспа важеше кај нас ПО РАТИФИКАЦИЈАТА во Грција.

Иако оваа дипломатски одлична тактика нашата слабост (преспа) да ја претвориме во предност (соочување на западот со неговите стандарди, но овојпат како наше барање) беше истакната во неколку наврати изминативе недели, откако вчера во Салцбург го кажа буквално ИСТОТО, само на англиски, некои медиуми се обидоа да му налепат дека е негов став „брилијантноста“ на преспанскиот договор, односно дека според Мицкоски тој бил „ремек дело“”, пишува Илиевски кому тоа му личи како на Лео Меси да пробате да му налепите став дека за него “Реал Мадрид бил најголем клуб во светот“ но сепак некои медиуми – се обиделе да излажат.

,,Барем во насловите кои требаше да им звучат бомбастично, иако подоцна се самонегираат во презентирањето на веста во која слушајќи ја целата изјава на Мицкоски е јасно дека се работи за истата изјава која со недели ја слушаме дома на македонски јазик.

И е, уште еднаш ќе кажам, ОДЛИЧНА политичка тактика за убедување и аргументирање, кое мораме да го правиме.

Ама не, решија во длабок фејкњуз да влезат некои медиуми. Иако промовираат лаги”, пишува Илиевски кој наведува кои портали пренесле ИДЕНТИЧЕН текст од неколу параграфи со ист наслов.

Видеото на линкот

https://x.com/BatmanSaysT/status/1848510475782201790?t=jeYTw5nVpf7UZRhjz-m-vw&s=19