Јадењето риба се смета за многу здраво, особено поради фактот што рибата е богата со омега 3 масни киселини кои се антиоксидант. Еве препорака како да приготвите ципура на жар.
Состојки:



-300 гр ципура
-сол
-лук
-магдонос
-маслиново масло за готвење
-лимон
-100 гр компир

Начин на готвење:

Исчистете ја ципурата или купете ја веќе исчистена.
Посолете ја триејќи ја со прсти по целата должината. Оставете ја малку да отстои.
Подгответе ја скарата на жар и убаво испечете ја рибата. Внимавајте да не загори поради јачината на жарта.
Во меѓувреме, исецкајте ги ситно лукот и магдоносот и ставете ги во маслиново масло. Со вака направениот сос прелејта ја ципурата.

Сервирајте ја рибата со парчиња лимон, како и варен компир, ориз, морков, целер, брокула, блитва или со некоја салата со свеж сезонски зеленчук.